Утрински Весник
Македонија

Филипче: Власта на Мицкоски продолжи каде што застана Никола Груевски

Vf sdsm forum zh 3.jpeg

Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што застана Груевски, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на работилница на Форумот на жени на СДСМ.

-Нашите граѓани секој ден по различни фокус групи сфаќаат што губат со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, се друго паѓа во втор план. Како беа гласни работниците за своите права, за своите плати, а каков притисок сега им прават на дневно ниво, на дневна основа. Што прават докторите сега? Ние во првите години за 40% платите им ги покачивме. Сега тоа го нема, молчат. Што прават наставниците? Се плашат. Веќе и малите деца го знаат, ова е една ненародна власт. Нема друга дефиниција. Продолжија таму кај што се застана на ниво на Груевски. Ништо друго, рече Филипче.

Претседателот Филипче додаде дека единствена алтернатива која може да и се спротивстави на оваа ненародна власт е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Можете да прочитате

Ексклузивен концерт на камерниот оркестар Профундис со Петар Пејчиќ и програма што ги спојува Глас, Попер и Чајковски

Новите македонски филмови „Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека

Пленарна конференција на Националната конвенција за ЕУ