Утрински Весник
Македонија

Филипче: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е како реприза на лош стар филм, истите манипулации, истите кукавички стратегии

Venko sdsm probistip 3.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип.


„Национализмот и нападите со ДУИ им останаа како единствено оружје да ги оттргнат луѓето од реалните проблеми. Да заборават дека немаат доволно пари, дека цените растат, дека државата стои во место”, додаде Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека триковите на ВМРО-ДПМНЕ се одамна прочитани од граѓаните.

„Господа од ВМРО-ДПМНЕ, дали мислите дека можете повторно со истите трикови да ги излажете граѓаните? Не можете, затоа што сте прочитани како буквар, како стара истрошена книга која сите ја знаат. Вашето владеење е реприза на стар филм кој луѓето го знаат на памет. Секој следен чекор е толку предвидлив, секоја манипулација веќе видена. Секоја лага веќе 100 пати кажана”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија

Филипче: Дали сум јас патриот кој ја сака Македонија во ЕУ и богата или ДПМНЕ што ја сака изолирана и сиромашна?