Утрински Весник
Економија

Филипче: Владата скрати 40 милиони евра од субвенциите за земјоделците 

Filipce sdsm 1.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод празникот Св. Трифун присуствуваше на традиционалното закројување на лозје во село Моклишта, Кавадарци, од каде упати честитка до лозарите и сериозни критики кон владините политики во земјоделството.

Тој истакна дека за жал, Владата ги скрати субвенциите за земјоделците за 40 милиони евра и ја намали поддршката за лозарите.

„Земјоделството во мало го отсликува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба, пљачка и незаинтересираност за луѓето. Откако ги фатија од Европа како крадат европски пари и го суспендираат ИПАРТ програмот, сега владата ја намалува и програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Се кратат околу 40 милиони евра, односно една третина помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, полјоделството, овоштарството. Тоа значи дека овие земјоделци нема да имаат доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ”, нагласи тој.

Филипче посочи и на, како што рече, „дополнителни трикови” со кои владата уште повеќе го ограничува пристапот до субвенции.

„Се зголемува прагот на земја што треба да се обработува за да може воопшто да се стигне да се аплицира за субвенции. Имено од 0,2 хектари, сега прагот е 0,5 хектари. Значи сите земјоделци што имаат два или три декари земја, повеќе нема ни да можат да стигнат до субвенции според новиот правилник”, истакна Филипче.Претседателот Филипче додаде дека и предлог-законот за зголемување на откупната цена на грозјето од страна на СДСМ не беше прифатен од власта.

„Видовме како за неколку денари по килограм ја намалија откупната цена на грозјето минатата година и покри тоа што дадовме предлог закон во Собранието оваа власт не го прифати”, рече тој.

Дополнително, Филипче реагираше и на новите обврски за средните винарии.

„Средните винарии имаат обврска да продадат, внимавајте, 30% од грозјето на најголемите една или две винари со цел да воопшто стигнат до парите кои им се потребни за субвенција. Сето ова оди во прилог на потребите на само една или две големи винарии, а не на лозарите кои мака мачат на сонце тука на земјата во лозовите насади”, порача Филипче.

Можете да прочитате

Трипуновски: Исплатени скоро 480 милиони денари субвенции за лозарите, следуваат 200 милиони за овоштарите следната недела 

УЈП: Наближува крајниот рок за достава на пресметки и докази за остварен доход од работа во странство за 2025 година

МЗШВ: Исплатени се речиси половина милијарда денари кон 12.458 лозари