Утрински Весник
Македонија

Филипче: Советниците на СДСМ ќе ротираат, ќе има нов кодекс на однесување и санкции за неисполнување на обврските 

Venko sdsm aer 4.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави конкретни внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на следните локални избори.


„Ќе предложам советниците да ротираат, односно да имаат мандат од две години, а потоа следните од листата да влезат во советот. Така ќе им дадеме шанса на двојно повеќе наши другари и другарки да бидат советници во рамки на четиригодишниот мандат. Тоа е фер и дава можност за поголема вклученост”, изјави Филипче на состанок со Општинската организација на СДСМ Аеродром.

Тој најави и нов кодекс на однесување којшто ќе мора да го потпишат сите советници: 

„Дел од досегашните советници не си ја вршеа добро работата, дел соработуваа со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ама само за лични интереси. Тоа повеќе нема да се дозволи. Ќе има санкции за прекршување на кодексот”.

Во однос на изборот на кандидати, претседателот на СДСМ порача дека ќе го поддржи секое решение што ќе дојде од базата. 

„Вие во општинските организации најдобро знаете кој има капацитети и доверба кај граѓаните. Не сакам да наметнувам, туку да слушам”, рече претседателот Венко Филипче вчера во Аеродром.

Филипче се осврна и на актуелната локална власт во Аеродром, истакнувајќи: „Се чудам како ВМРО-ДПМНЕ повторно го предлага актуелниот градоначалник на Аеродром. Полош градоначалник, според мене, Аеродром никогаш немал”.

Можете да прочитате

Компанијата dm drogerie markt ги предупредува граѓаните да не веруваат во информации кои се споделуваат за измами со повлекување на пари од сметка и лажни наградни игри!

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици