Утрински Весник
Македонија

Филипче со тутунарите од Оризари: Огромен е револтот од лошите политики на владата

V1 orizari.jpg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва одржа средба со тутунопроизводителите од велешко Горно Оризари, на која што се разговараше за лошите владини политики за производството на тутун и за севкупното земјоделство.

Тутунарите изразија револт од катастрофалните политики на владата, од кои последците ги чувствуваат. 


Филипче посочи дека нивниот револт е оправдан, бидејќи оваа влада наместо да им помогне, им го отежнува производството.

„Оваа влада го скрати буџетот за земјоделски субвенции за 40 милиони евра и ги усложни условите за добивање субвенции. Трудот на тутунарите, кои од утро до мрак се на нива, е понижен. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не ѝ е важен ниту развојот на земјоделството, ниту илјадници земјоделски семејства кои егзистираат од овој сектор”, рече Филипче.

На средбата, Филипче нагласи дека владата  ги укина сите добри политики што беа воведени во периодот на СДСМ.

„Сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ, ги укинаа. Нема авансна исплата на субвенциите, земјоделците останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува”, рече Филипче.

Тој додаде дека власта крати од сите за да има повеќе за сопствените луксузи.

„Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само за криминални тендери. Земјоделството не смее да биде жртва на политички игри и криминални политики. СДСМ е со земјоделците, ние сме нивниот глас, преку сите расположливи механизми ќе се бориме за секој земјоделец”, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средбата со тутунарите од Горно Оризари.

Можете да прочитате

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

Поддршка од Европската конфедерација на синдикати за ССМ и барањата за повисоки плати