Утрински Весник
Македонија

Филипче: СДСМ во следниот период ќе помине низ длабока внатрешна реформа

20.04.2024 Venko Filipche.jpeg

Би сакал да им се заблагодарам од се срце на сите кои ми ја дадоа поддршката на изборите и на сите оние кои напорно работеа со мене и ме поддржуваа во кампањата, пишува на социјалните мрежи идниот пратеник од СДСМ, Венко Филипче.

„Во кампањата ветив конкретни работи и активности кои започнувам да ги реализирам уште веднаш. Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ меѓу членовите и симпатизерите. СДСМ во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација. Верувам дека набрзо одново ќе победува и врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува. Од поразите секогаш е најважно да се извлечат поуки, само така поразот може да се претвори во победа.

Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците на изборите и да им посакам успешна работа. СДСМ секогаш ќе биде тука како коректив на владините политики и сите општествени текови“ пишува Филипче.

Можете да прочитате

Костадинов: Егзит останува во Струмица

Мицкоски: За прислушувањето СДС се фатени во лага и сега се заплеткуваат

Тошковски во посета на Полициското одделение Мирковци: Борбата против бесправната сеча на шумата еден од приоритетите на полицијата