Утрински Весник
Македонија

Филипче: СДСМ нема да биде контролирана опозиција

Img 8257.jpeg

„Одиме кон креирање на новата партиска програма, во процес на сериозна, многу честа комуникација со членството, којшто процес ќе заврши на почетокот или средината на месец јуни со уште еден програмски конгрес, на којшто ќе ја презентираме новата партиска програма на СДСМ”, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во „Само интервју” на Канал 5 Телевизија.

Филипче потенцираше дека СДСМ не е и нема да биде контролирана опозиција и дека силно ќе ја продолжи борбата против криминалот и корупцијата на владата на Мицкоски.

„Левица, јасно е, станува контролирана опозиција. Седнаа на маса со премиерот на лидерската средба, од тогаш заќутеа. Се договараа, веројатно, за нивни работи. Ние контролирана опозиција нема да бидеме, затоа што државата е под ризик, доведена со сè ова што го збориме, со целиот криминал којшто е во позадина и корупција од енормен степен, невиден досега. Ова е најкриминалната власт што државава некогаш ја имала”, рече Филипче.

Претседателот Филипче порача дека СДСМ ќе ја врати власта во рацете на граѓаните.

„Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните, корупцијата ќе ја искорениме и сите ќе одговараат”, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во „Само интервју” на Канал 5 Телевизија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон?

Мицкоски: Со поддршка од САД ја јакнеме економијата и меѓународната позиција

„Приказната за Силјан“ руши рекорди на гледаност