Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Просечната плата паѓа трет месец по ред, а Мицкоски ги лаже граѓаните дека сме шампиони во Европа

Image 2025 09 30 144753277.png
300x250 opst2

Граѓаните сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со лажна кампања и празни ветувања, ниту платите се покачија, ниту животот им е подобрен, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

„Граѓаните сфаќаат дека ВМРО ДПМНЕ дојдоа на власт со лага и празни ветувања. Имаме катастрофална состојба во економијата. Имаме трет месец поред намалување на платите во државата. Ова не се случило во времето на владеење на СДСМ”, рече Филипче.


Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ иако има механизми не искористи ниту еден за да се стави под контрола покачувањето на цените, за да им помогне на граѓаните.

„Граѓаните нема да веруваат во лажни изјави, затоа што тие најдобро знаат дали можат да сврзат крај со крај во текот на месецот. На сите механизми кои што владата ги има, зашто не ги користи, навистина не знам и навистина е тешко да се даде одговор”, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

(Видео) Сообраќајка на автопатот Миладиновци – Штип

Малолетник претепан на автобуска постојка на Бит Пазар

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои најавувале контроли во кочанската дискотека „Пулс“