Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Филипче: Премиерот да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми

D r venko filipche pres konferenczija 2.jpeg
300x250 opst2

Владата треба да ја води државата или да си оди, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче. Според него, премиерот Христијан Мицкоски, треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата.

– Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – па забегува кон вакви некакви лаги, изјави Филипче.


Обвини дека има економска стагнација, дека нема да има раст и што го потврдувале и меѓународни институции.

– Нема раст, има пад на просечната плата изминаите години, има огромен скок на цените на основните прехранбени продукти, затворање на компании и луѓе кои секојдневно остануваат без работа, има намалување на странските инвестиции. Наместо да се занимава со овие проблеми, премиерот измислува афери и скандали, рече Филипче.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешниот митинг во Гостивар во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2025 година го повика Филипче јавно да каже што мисли за неговиот ментор и гуру од Струмица.

-Од причина што се срами да каже, и затоа што е лицемерен и едно зборува во јавноста, додека истовремено глуми и одработува и кова заеднички планови со него, го повикувам Филипче да каже јавно што мисли за неговиот ментор и гуру, дали бил добар претседател на Владата и дали тој направил добро за Македонија. Нормално не очекувам да даде одговор којшто сите ние добро го знаеме граѓаните. Затоа на овие избори секој човек во животот има момент кога треба да одлучи. Не за политика. Туку за тоа кому му верува, кого го препознава како свој. Кој е тука кога е тешко, кој не се крие кога треба да се одговори, кој го познава твоето маало, твојата мака, твојата борба, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на Обвинителство, а клучот е некаде на Бихаќка

Филипче од Кривогаштани: Економијата е во пад, народот има сè помалку пари, а власта не презема ништо

Кривични пријави за четворица – пукале на семејна веселба – од жена одземен пиштол со 34 куршуми