Утрински Весник
Македонија

Филипче предвидува нови партиски тела: Совет на ветерани, Комисија за етика и одговорност и Стратешки Совет

D R Venko Filipche Miting Skop E 5.jpeg

Преку активирање на искусни политичари и експерти, поранешни високи функционери во СДСМ кои на дневна основа ќе ги следат политичките случувања и навремено ќе реагираат, Венко Филипче планира да го реорганизира СДСМ.

Филипче е кандидат за претседател на СДСМ и во програмата што ја достави и со која очекува да го привлече членството да го поддржи предвидува формирање на нови тела и воведување на нови форми на внатрепартиски избори за општинските организации.

Советот за политика и стратегија, Секретар за односи со општинските и месните комитети, Комисија за етика и одговорност, секторски комисии, како и промена на начинот на внатрепартиските избори за општински раководства се само дел од новите структури и процеси кои според Филипче ќе овозможат поефикасно и поодговорно функционирање на партијата.

„Советот за политика и стратегија ќе се состои од политичари, експерти и надворешни соработници кои на дневна основа ќе ги анализираат политичките состојби и ќе креираат стратегии и политики за партијата. Советот ќе биде задолжен да го контролира идеолошкиот развој и позиции на партијата и да ги усогласува политиките на социјалдемократските принципи“, наведува Филипче во својата објава.

Искусни политичари на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, пак, ќе го сочинуваат Советот на ветерани кој ќе служи како советодавен одбор на претседателот.

„Користејќи го големото значење и искуство на неговите членови, СДСМ во иднина ќе носи издржани стратешки одлуки. Советот ќе игра клучна улога во зајакнување на кохезијата во партијата и обединување на сите струи и крила“, пишува во објавата на Филипче.

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп и браната Отиња се трите проекти со кои ќе се занимавам oд следната недела

ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите од денес па се до недела ќе надминуваат 40 степени, меѓутоа во недела ни се заканува Суперќелијско невреме

Продолжен е рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ