Утрински Весник
Македонија

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

Venko sdsm.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс” објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.


„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс”, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања.

На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.

Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание.” стои во објавата.

Можете да прочитате

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации

Застаре уште едно кривично дело против поранешниот премиер Груевски

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ