Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Sdsm cucer s 9.jpeg
300x250 opst2

„Во недела излезете масовно на гласање и осигурајте се дека иднината на општините, на државата, е сигурна, со луѓето што работат чесно, се грижат за секого и градат за сите и во секое населено место”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од трибината во општина Чучер Сандево. 

Тој истакна дека борбата на СДСМ е многу повеќе од политичка,  тоа е борба за достоинство, правда и за враќање на државата во рацете на народот.


„Тоа што вечерва сме овде собрани во толку голем број, е јасен показател дека сите имаме иста борба, иста мисла, цел и желба: да ја вратиме државата во рацете на граѓаните! Да ја исправиме, да ја ослободиме од неправдата, и повторно да ја направиме наш дом”, рече претседателот на СДСМ.

Во контекст на предизвиците од актуелната власт, Филипче нагласи дека „во време кога режимот ни чука на врата, социјалдемократијата наша гаранција и штит кога силните сакаат да ја искористат државата за лични интереси.”

„Денес кога домот, демократијата и иднината ни се повторно загрозени, ние имаме важна задача и обврска: да не дозволиме режимската матрица да ја води државата во пропаст”, истакна Филипче.

Тој нагласи дека претстојните избори се историски момент за одбрана на вредностите, идентитетот и иднината на државата.

„Оваа борба не е само политичка. Ова е борба за вредности и за достоинството. За идентитетот. За нашето место во светот. Се бориме за нашиот дом и ќе успееме во тоа. Со СДСМ, со социјалдемократските вредности, со чесност, со солидарност, со љубов и одговорност кон оваа убава земја”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид