Утрински Весник
Македонија

Филипче: Подготвуваме предлог закон за регулирање на породилното отсуство на жената земјоделка

Forum Na Zheni Marsh Strumicza 11.jpeg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот Осмомартовски марш во Струмица денеска по повод Меѓународниот ден на жената-8 Март, најави дека СДСМ подготвува  предлог закон за регулирање на породилното отсуство на жената земјоделка.

„Би сакал да најавам дека веќе работиме на предлог закон со кој дефинитвно веќе ќе се регулира породилното отсуство на жената земјоделка.Во нашиот мандат го решивме правото на користење надоместок за мајчинство за жените земјоделки, го донесовме Законот за прекинување на бременоста, ставајќи ја волјата на жената на прво место и враќајќи ја контролата врз сопственото тело на жените. Со Законот за минимална плата, во 2017 година, за првпат се обезбеди изедначување на минималната плата за работниците во повеќе индустри како текстилната, кожарската и чевларската индустрија каде најголем процент од вработените се токму жени. Се со цел економско јакнење на жената”, рече Филипче.


Во своето обраќање, Филипче посочи дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на животниот стандрад и за општество во кое жените ќе се јакнат на сите позиции, без да наидуваат на затворени врати.

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца