Утрински Весник
Македонија

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Venkofilipcesdsm.jpg

Запрашан за најавите за раст на платите во здравството, претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека зголемувањето на буџетот во здравството наменет за плати на здравствените работници е добар чекор, но и дека тоа не е доволно.

„Сметам дека тоа зголемување на вкупната сума во Буџетот наменета за плати во здравството е добар чекор но не е доволно. Во еден момент, министерката за финансии изјави дека треба да се зголемуваат платите само на средно медицинскиот персонал и техничкиот персонал, но не и на докторите, поради тоа што тие добиле навистина големо зголемување на платата за време на претходната власт. За потсетување, за време на нашето владеење, толкаво процентуално зголемување на плати на доктори немало никаде во Европа како што имаше кај нас. Министерката треба да го напушти тој став и треба огромна инвестиција да се направи кај сите кои работат во здрватсвениот систем“ рече Филипче.

Се друго, додаде тој, ќе значи дека медицинскиот кадар ќе бара спас во приватното здравство или пак ќе замине надвор од земјата.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре