Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите

Venkoveles.jpeg
300x250 opst2

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во Велес, испрати силна порака дека борбата која ја води СДСМ не е само политичка, туку човечка, врз социјалдемократските вредности за достоинството на секој човек што живее од својата плата, за младите што ја гледаат својата иднина дома, и за пензионерите што заслужуваат сигурна старост.

„Да биде јасно: оваа борба не е само за СДСМ. Ова е борба за достоинството на секој човек што живее од својата плата. Ова е борба за работничката класа, за младите што не сакаат да заминат, за пензионерите што не треба да бројат денови до следната пензија,” истакна Филипче.


Тој нагласи дека сега е вистинскиот момент граѓаните повторно да се обединат и да ја изградат силата што ќе ја врати државата во рацете на народот.

„Да ја вратиме надежта дека во Македонија може да се живее чесно, со труд, со работа што се цени. СДСМ е движење за слобода, за правда и за еднаквост,” рече лидерот на СДСМ.

Филипче додаде дека СДСМ е партија која секогаш била со народот и дека без СДСМ нема борба и нема слобода. 

„Без вас нема СДСМ, без вас нема борба, нема слобода. Затоа, токму од Велес да испратиме порака: се бориме за нашите луѓе. Се бориме за нашите плати. Се бориме за нашата иднина,” потенцираше Филипче.

Тој нагласи дека 19 октомври ќе биде ден кога граѓаните ќе покажат дека не се плашат и ќе испратат јасна порака дека знаат кој работи, а кој лажи и манипулира.

„Да покажеме дека Велес е социјалдемократски град – град на трудот, чесноста и солидарноста,” порача д-р Филипче на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом”, која се одржа вечерва во Велес.

Можете да прочитате

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите