Утрински Весник
Македонија

Филипче од Свети Николе: Со ВМРО-ДПМНЕ, државата целосно ги напушта вредностите на демократијата, еднаквоста и солидарноста

Venko sdsm sv nikole 8.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на средбата со граѓани во Свети Николе порача дека е потребно враќање на вистинските вредности, демократијата и праведното владеење во Македонија, потенцирајќи дека мала група на ВМРО-ДПМНЕ целосно да ја контролира државата. 


„Од Свети Николе потекнува првиот претседател на Владата на Македонија во рамките на Југославија и прв претседател на Југославија по Јосип Броз-Тито. Сега сме собрани тука, пред неговиот споменик, токму во момент кога се рушат вредностите што ги постави народно-ослободителната борба: еднаквост, солидарност, демократија. Време е тие вредности да ги вратиме!”, порача Филипче.

Лидерот на СДСМ ја истакна улогата на партијата низ најтешките одлуки за државата од 1991 година наваму, кои секогаш биле со цел да се заштити интересот на граѓаните и државата, независно од политичката цена.

„Никогаш не сме ја злоупотребиле државата. Имавме добри политики, од социјалната помош, до медиумските слободи. Но не ги продадовме добро. Се соочивме со невидена пропаганда”, додаде Филипче.

Со апел дека државата не може да се гради со поделби и страв, туку само заедно, Филипче порача:

„Ние друга иднина немаме, освен сите заедно – во мала земја, во мал град, каде што само ако се договориме и работиме заеднички, можеме да успееме. И тоа мора да почне од локално ниво – од секоја општина.”

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче лажно зборува за единство, прави плакати испрскани со крв и сее зло и лаги за Кочани

Мојсоска: Некомпетентните кадри, корупцијата, „скриј ја пријавата”, партизацијата на институциите убиваат

Четири активни пожари низ државата