Утрински Весник
Македонија

Филипче од Штип: Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж!

Venko sdsm shtip .jpeg

„Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж”, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип.

Филипче ги разобличи нетранспарентните и штетни политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.


„Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!”, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди на огромните последици од ваквиот потег:

„Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ не може да го издржи. “

Филипче ја посочи и тешката реалност со која се соочуваат граѓаните секој ден.

„Штипјани веќе ја чувствуваат тежината од лошите политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ – животниот стандард е на дното, платите стагнираат, младите си заминуваат. Вистината за бездната во којашто ја туркаат државата допрва ќе излегува на виделина.” рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во Штип.

Можете да прочитате

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена

Два нови пилоти за гаснење пожари се приклучуваат на ДЗС