Утрински Весник
Македонија

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

Prilep2.jpeg

„Мицкоски и неговата банда, под превезот на лажниот патриотизам, донесоа ослабена економија, партизирана држава, плати кои стагнираат и цени кои дивеат. Мицкоски нема ниту чест, ниту љубов кон земјата и граѓаните. За него постојат само калкулации, спинови, лични амбиции и бизнис-зделки, истакна Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, во Прилеп.

Филипче нагласи дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за народот, но не го слушаат народот – и тоа е најголемиот доказ за нивниот лажен патриотизам.


Во своето обраќање, Филипче истакна дека разликите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле поочигледни.

„Денес сме исправени пред избор меѓу две Македонии, меѓу две сосема различни иднини. Едната е нашата – Македонија на трудот, на знаењето, на граѓаните што сакаат да живеат во мир и достоинство. Македонија која го почитува и вреднува трудот на работникот и која го слуша и го почитува гласот на луѓето. И другата е нивната – Македонија на стравот, на поделбите, на омразата и на ароганцијата. Македонија каде власта контролира сè за сопствен интерес, каде мислењето на луѓето е неважно како ланскиот снег и каде иднината е неизвесна”, порача Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Прилеп.

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Шар Планина примена во Мрежата Паркови на Динаридите

Борис Трајковски се превртува во гроб од најновата мигрантска политика на ВМРО-ДПМНЕ