Утрински Весник
Македонија

Филипче од Кочани: Власта не испорача правда, не испорачува здравство – а ги навредува родителите кои бараат достоинство

Venko sdsm kocani 1.jpg

Од Кочани, пред членовите на СДСМ и граѓаните, Венко Филипче остро ја критикуваше актуелната власт за неспособноста да се справи со последиците од трагедиите, за немањето одговорност и за бруталниот однос кон граѓаните кои бараат правда и достоинство.

„Бевме внимателни, бевме емпатични кон луѓето. Комунициравме нејавно, со цел да не нѐ обвинат за политизација. Им се наоѓавме, прашувавме што и да треба, и сѐ што можевме – помогнавме”, рече Филипче.


Тој подвлече дека СДСМ покажала што значи одговорно политичко дејствување, без обиди за политичка корист од трагедијата:

 „Не сакавме, буквално со ништо, по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист.”

Од друга страна, посочи Филипче, власта не само што не испорачала правда, туку целосно потфрлила и во здравствениот систем.

„Што направи власта? Прво – не испорача правда. Понатаму – не испорачува здравствена услуга. Луѓето имаат реален проблем, а тие им го нудат центарот ‘Пониква’ за некаква рехабилитација. Во ‘Пониква’ не можеш ни на одмор да одиш, а не пак да третираш толку сериозни медицински состојби,” истакна Филипче.

Особено срамно, рече тој, е обвинувањето на родителите кои бараат правда:

 „Ќе ги обвинуваат родителите дека биле инструмент на некоја политичка партија. Тие луѓе, коишто не спиеле со недели, шокирани од она што им се случи – ги нарекуваат со погрдни зборови, за кои ви гарантирам дека дури и не знам што значат.”

Филипче го осуди и односот на ВМРО-ДПМНЕ кој, како што рече, на денот кога родителите протестираат, организира партиски настан со пиротехника:

 „Во таква ситуација, врв на безчувствителност е – на денот кога родителите протестираат – да организираш настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и да запалиш пиротехнички средства.”

СДСМ останува на страната на граѓаните на Кочани, на страната на вистината и одговорноста. Ќе продолжиме да се бориме за правдата да излезе на виделина а граѓантие и родителите да добијат соодветен третман.

Можете да прочитате

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот