Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче од Гази Баба: Овие избори се борба за вредностите на социјалдемократијата, за праведна држава и достоинствен живот за сите

Venkogb9.jpeg
300x250 opst2

„Овие избори се борба за вредностите на социјалдемократијата, борба за секој човек, за секое маало, за секое семејство, но и за секоја улица, за секое сокаче, затоа што сето тоа е нашиот дом”, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата во Гази Баба.

Филипче упати повик за будење до сите и до тие што се разочарале, и до тие што молчат, и до тие што чекаат.


„Време е да се исправиме. Време е да ја вратиме државата во рацете на народот. Да се потсетиме зошто постои оваа држава. Да се потсетиме дека државата мора да им служи на граѓаните. Сега е време за храброст и верба. Храброст е да се бориш кога е најтешко. Храброст е да не се плашиш да ја кажеш вистината. Храброст е да ја подадеш раката дури и на тој што мисли различно, затоа што веруваш во заедничка иднина”, истакна Филипче.

Тој нагласи дека борбата на СДСМ не е против некого, туку е борба за праведна држава, за достоинствен живот, за иднина во која младите ќе останат.

„На 19 октомври да ја покажеме нашата сила, да ја покажеме нашата љубов кон оваа земја, да ја покажеме разликата меѓу вистински патриотизам и евтина пропаганда. Да ја вратиме надежта во државата, да ја вратиме гордоста во народот, да ја вратиме Македонија таму каде што ѝ е местото, меѓу достоинствените, слободни и обединети нации, порача Престедателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом” во Гази Баба.

Можете да прочитате

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Џипот на разбојниците од Гостивар пронајден запален на патот кон Стража

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања