Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче од Битола: Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира

Bitola5.jpeg
300x250 opst2

„После година и пол од Владата на ВМРО-ДПМНЕ сведоци сме на една власт која наместо да ги решава, ги игнорира проблемите на граѓаните”, нагласи Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, што се одржа вечерва во Битола.

Филипче пред граѓаните посочи дека пред неправдата не треба да се молчи и мора да се крене глас кога ќе се почувствува дека некој го руши она што со генерации сме го граделе.


„А денес, токму тоа се случува. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира.Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот и правичноста. И тоа нѐ боли. Нѐ боли затоа што гледаме дека ова не е Македонија што ја заслужуваме. Ниту Битола каква што ја замислуваме”, рече Филипче.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е власт која што на институциите гледа како на плен.

„Власт што владее преку страв и поделби. Власт што и по година и пол централна власт и четири години локална власт нема визија, нема реформа, нема одговор на ниту еден клучен проблем”, потенцираше Филипче.

Затоа, како што кажа Филипче, во недела на 19 октомври е важно да се гласа за враќање на Македонија на вистинскиот пат и во рацете на граѓаните.

„Да ја вратиме Македонија во рацете на нејзиниот народ. Ова не се само локални избори. Ова е прашање на вредности. Секој разговор оваа недела е важен. Секоја подадена рака и секој збор ќе значат глас повеќе. Да се избориме за Битола што ќе расте и ќе се развива. Да се избориме за Македонија што ќе оди напред”, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива