Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ние знаеме кои сме и на кој јазик говориме, ова е загарантирано и со договорите со ЕУ

Pres pretsedatel na sdsm venko filipche 1.jpeg

Соопштение на СДСМ:

„Она што е прво и најважно да се каже е дека извештајот не е извештај за постоењето на македонската нација, македонскиот јазик или македонскиот идентитет. Македонскиот јазик и идентитет се јасно дефинирани и заштитени. Никој не може да ги допре или да им наштети. На македонски се преведува во ЕУ, на македонски се потпишуваат договорите меѓу ЕУ и Северна Македонија, на македонски се говори во Унијата. Ова го гарантира Преговарачката рамка,” рече Филипче.


Со ова, тој порача дека европските институции веќе ја признаваат македонската реалност и дека ваквите прашања не се предмет на преговарање, туку се веќе решени и обезбедени.

„Во својот мандат, СДСМ успешно ги отфрлаше обидите македонскиот јазик да биде исклучен од извештајот затоа што имавме пријатели и стратешки партнери кои гледаа дека искрено се бориме за ЕУ-интеграција,” истакна Филипче.

Тој додаде дека ова не е само нивна заслуга туку и резултат на искрената борба за европска иднина која е разбрана и поддржана од партнерите.

„Ние знаеме кои сме, на кој јазик говориме и токму тоа го загарантиравме со договорите,” подвлече Филипче.

Во продолжение, Филипче објасни дека македонскиот народ има јасна визија и силна волја да се интегрира во ЕУ, но без отстапки од своето национално достоинство и идентитет.

„Нашата борба и визија беа јасни: да го заштитиме јазикот и идентитетот и што поскоро да влеземе во ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик. Ова во ниеден момент не беше, ниту пак е, загрозено сега,” рече Филипче.

Тој нагласи дека македонскиот јазик и идентитет се сигурни и непроменливи, но дека неодговорните политики на актуелната власт ја оддалечуваат државата од ЕУ.

„Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта,” истакна Филипче.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце