Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Нашите корени се во АСНОМ, СДСМ е наследник на највозвишениот дел од македонската историја

Tetovo sdsm 1 2.jpeg
300x250 opst2

Македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата, секогаш знае и умее да се избори за својата иднина, така било во минатото, така ќе биде и во иднина, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”, што се одржа во Тетово.

Во своето обраќање Филипче се осврна на историската улога и вредносниот континуитет на СДСМ, како партија што ги негува темелите на државноста, еднаквоста и борбата за слобода.


„СДСМ е наследник на највозвишениот идеал за Македонија, на борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност – државата да биде дом за сите. И вечерва сме заедно сплотени во желбата за промени, во вредностите што не зближуваат – за Тетово кое ќе обединува, а не да разделува”, рече Филипче.

На трибината, Филипче додаде дека СДСМ не е само политичка партија, туку вредносно и историско движење кое е длабоко вкоренето во антифашистичката борба, солидарноста и стремежот кон праведно општество.

„СДСМ секогаш била повеќе од партија, ние сме движење за слобода, за правда и за еднаквост. За успех во оваа борба нашата задача е јасна – да ја вратиме надежта и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата. Вие, најверните поддржувачи, сте моторот на тоа движење. Вашиот глас може повторно да ја врати нормалноста и да го отвори патот за достоинствен живот овде во Тетово – за вашето семејство, за вашето маало, вашата улица, за вашиот град”, истакна Филипче.

Денес повеќе од било кога, како што кажа Филипче, иднината е во рацете на граѓаните и не смее повеќе да се молчи пред неправдите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашата сила е во единството и само така можеме да направиме промени. Да се избориме за држава која е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите. Без силен СДСМ, единствената можност и надеж дека Македонија ќе биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива напред, едноставно пропаѓа”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат