Утрински Весник
Македонија

Филипче: Министерот Тошковски нема контрола врз безбедноста во државата

Venko sitel 1 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нема апсолутно никаква контрола врз теренот, речиси секојдневно се случуваат инциденти,убиства, сообраќајќи, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во „Тема на денот” на телевизија Сител.

„Секојдневно се случуваат инциденти кои ни укажуваат дека министерот за внатрешни работи Тошковски нема апсолутно никаква контрола на теренот. Со цели шаржери се убиваат луѓе по улиците. Сообраќајки со загинати има речиси секоја недела. Секој ден се случуваат инциденти со смртни последици, а министерот е министер за внатрешни работи веќе повеќе од една година, вклучувајќи ја и техничката влада. Сметаме дека несоодветно ја врши работата и ќе го кажеме тоа со аргументи, нема тука политизација”, рече Филипче.


Притоа, Филипче посочи дека, освен трагедијата во Кочани, секојдневните инциденти на улиците и загрозената безбедност на граѓаните се причина поради која СДСМ ќе ја поддржи предложената интерпелација за министерот Тошковски.

Во интервјуто, Филипче нагласи дека од секој аспект државата се наоѓа во многу тешка состојба и, како никогаш досега, се соочува и со економска и со една длабока општествена криза.

„Ако згора на сето тоа го ставиме и катастрофалното водење на истрагата за пожарот во Кочани, би рекол дека и тоа како имаме обврска интензивно да работиме, да ја вратиме довербата на граѓаните”, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе