Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Mk brod venko 4.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на најновите изјави на Христијан Мицкоски, кој на трибина најави дека по изборите ќе менувал судии и обвинители.

„Го слушам вечерва Мицкоски на една трибина се заканува дека после изборите ќе менувал судии и обивнители.  И добро е што конечно вистината тоа што ние година и пол го зборуваме – дека не сака да прави реформи, не сака да писне за реформите. Сака негово партиско судство коешто ќе го контролира, коешто ќе прави монтирани случаи, преку кое ќе апси луѓе коишто тој сака да ги апси,” истакна Филипче.


Тој порача дека граѓаните одамна ја видоа намерата на ВМРО-ДПМНЕ:

 „Од тоа што сакаат граѓаните нема реформи, нема независно судство. Сакам да му порачам – Мицкоски, не се заканувај, никој не ти се плаши.” – рече Филипче.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот