Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски лажеше за наводниот поткуп кој му бил понуден, нема ниту истрага, ниту докази

Filipce 1.jpg

На денешната прес-конференција која јс одржа опозицоската СДСМ по повод 100-те дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, претседателот на партијата, Венко Филипче, посочи дека Мицкоски лажел за наводниот поткуп што му бил понуден нему и на вицепремиерот Николовски.

„Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага Премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“, нагласи Филипче.

Филипче потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Македонија повторно ќе биде на граѓаните, но наспроти тоа ВМРО ДПМНЕ ја присвои државата.

„Добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одоговорност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна. Имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста. Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути