Утрински Весник
Македонија

Филипче: Македонија стагнира, Црна Гора и Албанија брзо чекорат кон ЕУ

Venko sdsm 360.jpeg

Во своето гостување во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Владата за лицемерен однос кон повиците за национален консензус во врска со европските интеграции и преговорите со ЕУ.

„Сметам дека е лицемерно премиерот ден-два претходно да повикува на национален консензус, а притоа да не е спремен да седне на маса и да дебатираме што е битно за националниот консензус”, рече Филипче.


Тој појасни дека токму на денешниот состанок на Националниот совет за евроинтеграции го презентирал предлогот за како да се надминат отворените прашања поврзани со преговарачката рамка. Како клучен пример го посочи еден од протоколите во рамките на францускиот предлог: „Еден од протоколите во рамките на францускиот предлог, којшто го содржи и образложува работењето на историската комисија, практично кажува дека работата на историската комисија воопшто не е предуслов за нашите преговори во еден момент да бидат запрени”, истакна Филипче.

Според него, ваквите дилеми бараат јасна дебата и вклучување на стручна јавност: „Да видиме дали различно го читаме тој протокол? Дали различно го толкуваме? Ајде, да викнеме експерти”, рече Филипче, укажувајќи дека стагнацијата во евроинтегративниот процес има реални последици: „Едноставно, сметам дека на овој начин владата не прави ништо – ние стагнираме. Црна Гора и Албанија одат напред. Времето ќе помине за час – за две-три години, една од овие или двете земји веќе ќе бидат на прагот на Европската Унија, тоа ќе биде многу фрустрирачки за народот којшто живее тука”, предупреди тој.

Филипче посочи дека Владата не смее да се повикува на минати грешки, туку има обврска да носи одлуки и да го движи процесот напред. „Владата е таа која што има обврска, имајќи предвид дека сега во овој момент период ја води земјата, да бара начин земјата да оди напред, не може да се вадат на некои претходни работи како било ако имало грешки претходно”, рече Филипче. „Граѓаните го кажаа своето, меѓутоа одговорноста на Владата е огромна и тие тоа мора да го сфатат. Тие во овој момент едноставно не прават ништо, не може да ја ставаат на коцка иднината на земјата”, додаде тој.

Можете да прочитате

Вечерва ѓубрето од Чаир заврши пред Град Скопје

Полноќен протест: Ганиу со граѓани собира ѓубре од Чаир и го носи пред Град Скопје

Орце, Коце или Златко? ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште без одлука за главниот град