Утрински Весник
Македонија

Филипче: Кој оди на состанок кај Мицкоски, му дава легитимитет на криминалот и изолацијата на земјата 

Dr venko filipce.jpg

Кој оди на состанокот којшто го иницира премиерот Мицкоски е поддржувач на изолацијата на земјава и дава легитимитет на сите антидржавни политики. И што е најлошо, дава легитимитет на криминалот и на корупцијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешниот брифинг.

Тој јасно посочи дека кој оди на таков состанок јавно се декларира дека е соработник на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

„За ЗНАМ тоа сите го знаат, одамна е јасно. Тендер е коалиција на плаќање, на уцена. Нивната соработка е веќе јасно дефинирана. Тоа нашиот антикорупциски тим секојдневно го образложува и го обзнанува. Време е да се знае кој е за Македонија, а кој е за криминал и корупција. Да знаеме кој е за изолација, а кој е за прогрес и за интеграција. И поради сето тоа за нас Европската Унија нема алтернатива.”, посочи Филипче.

Можете да прочитате

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

МНР: 632 македонски државјани побарале евакуација од Блискиот Исток

СДСМ: Оставка од Тошковски за трагедијата во Карпош