Утрински Весник
Македонија

Филипче: Го слушам премиерот Мицкоски како ја цитира Библијата, ако продолжи вака ни Господ нема да му помогне

Tribina sdmm strumicza 1.jpeg

Залудно е што премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта ја цитира Библијата кога дома ја урнисаа економијата, направија цените да растат без контрола, ја задолжија државата и ја одзема иднината на младите и нивната можност за прогрес, порача вчера претседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината со социјалдемократската младина во Струмица.

„Откако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, откако направија цените да растат без контрола да не можат луѓето една кошничка да си наполнат. Откако платите немаат абер да растат, откако во земјоделството се намалија субвенциите и за откупот на оризот, и за сточарите, и за лозарите. Откако нè задолжија со седум милијарди евра и откако направија сè да си го постават системот така, да тие седум милијарди евра си ги добијат однапред договорени странски компании, на коишто подизведувачи ќе им бидат само ВМРО ДПМНЕ, вчера го слушам премиерот на собир во Будимпешта, ја цитира библијата. Сакав да му порачам дека ако продолжи вака, ни господ нема да му помогне”, рече Филипче во Струмица.


Претседателот Филипче се осврна и на скршувањето од европската агенда и потребата за враќање на Македонија онаму каде што заслужува да биде, а тоа е во европското семејство на народите.

Можете да прочитате

Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар е нормализиран

Театар под ѕвездите: „Ноќта кога ја убив месечината“ на 2218 метри надморска височина

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и дрско е СДС да зборува за темелите на македонската државност откако променија знаме, име и Устав