Утрински Весник
Македонија

Филипче: Додека течат криминални тендери на народот му се сервира јавен линч врз опозицијата

Filipce press sdsm 1.jpg

Прес конференција на претседтаелот на СДСМ, Венко Филипче

Премиерот Мицкоски политиката во земјата ја сведе на ниво на таблоид. Наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, сведоци сме на празни изјави на премиерот на ниво на жолт печат, без суштина, без реална политика.

Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите , а тоа е примарна цел на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.

Додека течат криминални тендери зад грбот на народот му се сервираат измислени афери, црни кампањи, јавен линч врз опозицијата.

Последниот пример. Сите да се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и црната кампања на ВМРО против мене, со Жан Митрев, додека се увезуваат 10.000 „економски работници”.

СДСМ уште во декември најави дека постои дупка во буџетот и дека во државата нема пари.

Владата го потврди тоа, со ново задолжување од 1 милијарда евра преку еврообврзница, со што се докажа вистината за која говореше СДСМ.

Сега треба да се пополни дупка од 2 милијарди евра кои недостасуваат.

Како што објавија британските медиуми, кредитите од 6 милијарди евра, за пополнување на дупките во буџетот се дел од договорот.

Пред нос ни носат 10.000 „економски работници” додека на граѓаните им се сервираат измислици. Така функционира оваа власт. Нема одговор за дупката од 2 милијарди евра, нема одговор за минимална плата од 600тини евра, нема одговор за катастрофата во економијата.

Стандардот на граѓаните опаѓа секој ден, а власта не презема ништо.

Нема одговор ниту за изолацијата, нема одговор за ништо во однос на криминалните тендери коишто ги објавуваме скоро секојдневно. Има само ДЕФОКУС.

Ќе објават една лажна вест за зграда во Дубаи, а во позадина ќе протуркаат Декрет во Собранието. Целото внимание намерно се насочува кон нешто измислено.

Ќе објавуваат нова измислица освен зградата од 42 ката во Дубаи, некое патување во Дубаи преку Венеција., а во позадина се протнува Закон за странци како вовед во носењето на мигранти, односно „економски работници”.

Објавуваат лага на Жан Митрев на Алфта ТВ, нов фабрикуван случај „рекет” а под маса си делат тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општините, 1,2 милиони евра тендери преку пошта, 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени. Во следните денови следат нови бомби, нашиот АКТ тим работи врз основа на информации коишто се аплицираат на нашата антикорупциска платформа. Огромен број од информациите доаѓаат од членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту една институција досега нема преземено ништо за ниту еден од овие скандали.

И секојпат исто, се креираат лажни вести за СДСМ да ги демантира. Да не попречат во објавувањето на нивниот криминал, да не попречат во работата која е во интерес на граѓаните.

Никој да не зборува за скандалите на власта, сите да се занимаваме со непостоечка зграда во Дубаи, со измислена афера која служи како дефокус од главната тема: мигранти за пари.

Видовте што прават преку дел од медиумите, видовте обид да го рушат СДСМ одвнатре. Нема да застанат. Немаат одговори за мигрантите, за тендерите… имаат пари да купуваат луѓе.

Затоа, почитувани граѓани на Македонија, да знаете: Секогаш кога ќе излезе некоја измислена, фабрикувана афера, тоа е ДЕФОКУС. Секогаш кога ќе прочитате текст од кујните на ВМРО, Вие, почитувани граѓани треба да знаете дека се случува уште една пљачка зад вашиот грб. Прават дефокус за вие тоа да не го видите.

Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари. Но разоткриени се и ова нема да помине. Секој нивни чекор го знаеме однапред.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка кај Македонски брод, загина една жена

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната

ВМРО-ДПМНЕ: СДС работи против Филипче, тие го дозакопаа правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик