Утрински Весник
Македонија

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Sdsm venko sobr.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори зошто не дозволува декласификација на сите материјали поврзани со случајот со Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Филипче истакна дека е важно да се расчисти овој случај, не само за јавноста да ја дознае вистината, туку и за да не се фрли дамка врз професионалците вработени во АНБ, кои изминатиот период речиси и не беа споменувани.

„Зошто не дозволувате декласификација на сите тие материјали, секако со заштита на идентитетот на сите луѓе чии што податоци треба да останат доверливи, за јавноста конечно да дознае дали имало злоупотреба или не. Дали некој го прекршил законот или не? Треба ли некој да одговара?“, праша Филипче.


Тој посочи дека целата приказна потекнува токму од премиерот, кој претходно јавно најавуваше дека постојат индиции за негово следење.

„Вие вчера изјавивте дека не сте биле следени директно, туку индиректно, и сега се отвораат многу прашања. Прво – дали навистина имало злоупотреба и дали сте биле следени како лидер на тогашната опозициска партија? Дали биле следени и други лица или групации со кои сте комуницирале?“, додаде Филипче.

Тој нагласи дека со одбивањето да се декласифицираат документите, под изговор дека е во тек предистражна постапка во Јавното обвинителство, Владата не само што ја манипулира јавноста, туку директно ја потценува улогата на Собранието и го поткопува Уставот.

„Имајќи предвид дека пратениците се лица со соодветни безбедносни сертификати и имаат право на увид во вакви информации, тоа е нивна уставна надлежност – не треба да има мешање меѓу законодавната и извршната власт. Особено ако се земе предвид дека во минатото службите беа злоупотребувани за прислушување и слични активности, сметам дека е од исклучителен јавен интерес оваа афера целосно и детално да се расчисти. Според членот 21 од Законот за следење на комуникациите, секој материјал што претставува злоупотреба или содржи елементи на криминал, не може да остане класифициран“, заклучи Филипче.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија

Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност во сообраќајот и за прекршоците