Утрински Весник
Македонија

Филипче: До крајот на неделата СДСМ ќе излезе со работна верзија на резолуцијата за евроинтеграциите

Pres pretsedatel na sdsm venko filipche 1.jpeg

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека до крајот на неделата партијата ќе подготви работна верзија на декларација со која ќе се дефинираат црвените линии во процесот на евроинтеграциите.

„Документот е во изработка. Верувам дека до крајот на неделата ќе имаме работна верзија, која ќе ја претставиме пред сите политички партии, стратешки партнери, експертската и пошироката јавност,“ изјави Филипче на прес-конференција во Собранието.


Тој истакна дека евроинтеграциите се врвен државен интерес и стратешка цел која не смее да биде предмет на дневнополитички препукувања. „Не калкулираме и не правиме трикови. Доколку и ВМРО–ДПМНЕ и премиерот имаат сериозен пристап, сигурен сум дека ќе најдеме заедничко решение,“ додаде Филипче.

Лидерот на СДСМ нагласи дека барањата кои произлегуваат од ЕУ не се диктирани од една држава, туку се дел од официјален европски документ, резултат на долготрајни преговори. Според него, националните интереси не се загрозени, а постигнувањето на национален консензус е неопходен следен чекор.

„Грижата на граѓаните мора да ја земеме предвид и таа не смее да остане на страна. Во ниту еден документ нема предавство, ниту пак отстапка што би ги загрозила државните интереси,“ нагласи Филипче.

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“