Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче до граѓаните на Македонија: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела

Sdsm palanka 2.jpeg
300x250 opst2

„Вашата сила е во гласањето! Ве повикувам да ја покажете таа ваша сила во недела! Со масовно излегување на гласачките места. Со вашиот глас да пратите силна порака затоа што на Македонија ѝ се потребни промени”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на митинг во Крива Паланка.

платено политичко рекламирање

Пред граѓаните од преполниот плоштад, Филипче се заблагодари за масовната поддршка и јасно порача дека Македонија стои пред избор, дали ќе дозволи нашиот дом власта да продолжи да го руши цигла по цигла, или народот ќе се обедини за да го зачува.


„Ова не се обични локални избори. Во недела одлучуваме дали ќе ја вратиме правдата, достоинството и чесноста во нашата земја. Одлучуваме за иднината на секое семејство, за сигурна иднина на младите, за држава во која трудот се цени, а не партиската книшка”, истакна Филипче.

Тој потенцираше дека СДСМ е партијата која секогаш ја водела Македонија напред, со конкретни политики и дела, а не со лаги и манипулации.

„Сакаме достоинствени плати за достоинствен живот, праведна држава и институции што служат на граѓаните. Тоа можеме да го постигнеме само ако во недела излеземе масовно и гласаме – за нашата држава, за нашиот дом, за број 5!”, рече Филипче.

Од Крива Паланка, Филипче упати силен повик за единство и активност:

„Време е да се исправиме, да ја покажеме нашата сила, да ја вратиме надежта и да ја вратиме државата во рацете на народот. Во недела, секој глас е важен. Се враќа силата на народот – се враќа СДСМ!” рече Филипче.

Можете да прочитате

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите