Утрински Весник
Македонија

Филипче: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани

20260119132400 big 730x400 45.webp.webp

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во однос на воведувањето на систамот „Безбеден град“ вели дека  СДСМ ќе поддржи секоја иницијатива што е потребна за да ја предвижи земјата напред, но, нагласува „мора да има јасна дистинкција, поддршка на се она што е интерес и добро за сите граѓани а не само за одреден круг луѓе блиски на власта’.

– Наша подршка ќе има се што е во насока на подобрување на безбедноста на граѓаните и тоа насекаде, не само во Скопје. Но, прво, власта не одговара што ќе се случува со огромната количина податоци што тој систем ќе ги генерира. Имајќи предвид дека ВМРО- ДПМНЕ е позната по злоупотреба на такви податоци. И како второ, висината на казните. Тоа е нешто за што мора да се зборува во Собранието, рече Филипче, на новинарско прашање во Охрид каде присуствуваше на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро и положувае на крстот по повод празникот Богојавление – Водици.

Филипче изрази подготовеност на опозицијата за дискусија по сите прашања, па и за законот за прекршоци.

– Се може да се направи доколку се има волја да се направи доколку е во интерес на граѓаните, за се може да се дебатира. За жал ние не видовме добра волја од оваа власт  за нешто да се дебатира. Стандардот тоне, државата се презадолжува, имаме две милијадри што недостасуваат, пари се земаат за да се трошат без капитални инвестиции, има ризик од имигранти кои треба да дојдат за пари за кои исто така нема сериозен демант, ниту ја потпишаа нашата декларација. Се може да се дебатира во Собранието…Ние ќе ги иницираме оние аспекти кои се битни и се во интерес нас сите  граѓани, а не само оние што се битни на оваа тендерска власт,  изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче.

За неодамна одржаната лидерска средба на која СДСМ немаше свој претставник Филипче повторно изрази жалење што партите кои отидоа на средбата само придонеле за легитимирање на власт за која рече дека е „навлезена длабоко во корупција, што ја држи земјата во изолација и на некој начин во медиумски мрак, преку кампањите со лажни вести во своите медиуми“.

– Мислам дека ниту една партија не треба да даде поддршка на ваква власт, затоа што оваа власт тендерска коалиција на ДМПНЕ и ЗНАМ Македонија нема иднина, рече тој.

На прашањето за тоа дали СДСМ ќе поддржи реформска агенда и конкретно законот за прекршоци, опозицискиот лидер рече дека токму тој лично бил иницијатор за реформи, со тоа што веднаш по несреќата во Кочани отишол кај премиерот на состанок, оттаму што верувал тогаш дека има желба за реформи и евроинтеграција.

– Премиерот треба да каже зошто спиеше две години. Јас бев тој кој после пожарот во Кочани отидов кај него на состанок, затоа што верувам и мислев тогаш, но за жал излезе дека не е вистина, дека човекот има вистинска желба да ја води државата во добар правец- кон реформи и евроинтеграција. Тоа што ништо не исполни до договореното досега, и тоа што полека ја разоткриваме нивната власт – дека е само еден голем бизнис за мала група луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Значи дека немаат намера исто како и досега да сработат нешто од реформската агенда, рече Филипче.

За власта рече дека „имала можност, но од 12 закони што требало да ги донесе до 2025 година, донесен е само еден и тоа парцијално без сите препораки од ЕУ, што е доказ сека само саакат нешто да направат евентуално проформа, колку да се каже дека нешто се работи од реформската агенда, но не вистински да се реформира особено тој дел на правосудството каде граѓаните навистина очекуваат нешто вистински позитивно да се случи“.

– Притоа тоа не е се. Вистинскиот чекор напред се уставните измени. Оваа влада освен што во половина мандат изминат, не направи ништо со реформите ниту со уставните измени за да почнеме со преговорите со ЕУ и отворањето на кластерите. Во новиот извештај и најавата за работата на кипарското претсеателство Македонија не е спомната. Се спомнува кратење на фондовите од Европа.  На граѓаните треба да им е јасно, со оваа Влада нема реформи, се е е една лажна пропаганда за во позадина да тераат нивните бизниси, рече тој.

На средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што рече, разговарале за начинот на работа на идната локална самоуправа во Гостивар, каде победи кандидатот поддржан и од СДСМ.

– На средбата беше разговарано за сериозните проблеми што ги има во градот. Граѓаните на Гостивар имаат соодветни потреби, мора да има некаква реогранизација во однос како ќе се постави градоначалникот сега откако оваа поддршка му донесе победа. Локалниот огранок на СДСМ во Гостивар заедно со градоначалникот разговараат за реогранизација, каде секој ќе го најде своето место согласно критериумите кои ќе треба луѓето да ги исполнат за да бидат дел од тимот кој наредните четири години ќе го водат градот, рече Филипче, негирајќи деке е тоа последица на некаква коалиција.

Можете да прочитате

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги

Маж нападнат во сопствениот двор од сосетката со дрвен предмет

АА: Нема да дозволиме преку административни одлуки да се укине институционалната застапеност на Албанците