Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да ја продолжиме визијата  на Глигоров за напредна и демократска Македонија

Kirogligorovpocit.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, оддаде почит на одбележувањето на годишнината од смртта на првиот претседател на државата, Киро Глигоров.

„Денеска се сеќаваме и оддаваме почит на првиот претседател, Киро Глигоров. 


Неговите вредности и државничките одлуки оставија траен белег во нашето општество и претставуваат патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата. 

Претседателот Глигоров е симбол на мудрост и визионерство, и неслучајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата”. Во најтешките моменти, кога државата се соочуваше со предизвиците на независноста, тој направи историски  чекори кои беа важни за иднината на државата. Глигоров веруваше во силата на дијалогот и помирувањето – вредности кои се подеднакво важни и денес, кога треба да продолжиме да работиме на заедничката иднина на државата. 

Ние, како генерација, сме должни да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Вечна му слава”, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“