Утрински Весник
Македонија

Филипче: БДП-то е резултат на проектите кои почна СДСМ, се друго во економијата стагнира

Venko Filipche.jpg

Во интервју на Канал 5, Филипче потенцираше дека сите економски параметри се намалуваат, а растот на инвестициите, со кој се фали власта, е резултат на позитивните политики на Владата предводена од СДСМ.

„Тоа се инвестиции кои биле проектирани и започнати за време на нашата Влада. Какви инвестиции ќе донесе оваа Влада, ќе видиме дури во втората половина на оваа година, бидејќи најмалку толку време е потребно за да се подготви инвестициски проект“ – рече Филипче.


Тој истакна дека зголемувањето на БДП се должи на зголемената внатрешна побарувачка, особено во градежните активности поврзани со Коридорите 8 и 10 – и ништо повеќе.

„Сè друго стагнира. Капиталните инвестиции исто така стагнираат – во првите два месеци од годинава реализацијата е само 2%, за разлика од 12% во истиот период од 2024 година. Имаме сериозен проблем со иселувањето на младата работна сила, извозот се намалува, а компаниите во економските зони отпуштаат работници,“ истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница