Утрински Весник
Спорт
Img 7972

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Fifa.webp.webp
Dik 300x250 mk

ФИФА одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го исклучи Бостон од листата на градови домаќини за Светското првенство во 2026 година.

Трамп ја критикуваше градоначалничката на Бостон, Мишел Ву, за уличните немири и изјави дека би можел да му предложи на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ги премести натпреварите доколку смета дека градот е небезбеден.


– Безбедноста, секако, е одговорност на владите домаќини, а тие одлучуваат што е најдобро за јавната безбедност. Се надеваме дека секој од 16-те градови каде што планираме да биде домаќин на настанот ќе биде подготвен успешно да го организира и да ги исполни сите потребни услови, се произнесе ФИФА.

Светското фудбалско првенство ќе се одржи на лето во 2026 година во САД, Мексико и Канада. Во САД, натпреварите ќе се играат во 11 градови: Атланта, Бостон, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Њу Џерси, Филаделфија, Инглвуд и Сиетл.

Во Мексико, натпреварите ќе се одржат во Мексико Сити, Гвадалахара и Запопан, додека во Канада ќе се одржат во Торонто и Ванкувер. 

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути