Утрински Весник
Спорт

ФИФА му наредила на Кардиф да ги плати ратите за Емилијано Сала на Нант

ФИФА му наредила на Кардиф да ги плати ратите за Емилијано Сала на Нант
Dik 300x250 mk

Кардиф сити добиле наредба од ФИФА да ги платат втората и третата рата од парите за трансферот на Емилијано Сала на францускиот Нант, објави велшкиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Сала загина во јануари 2019 година, кога неговиот авион падна во Ла Манш кога тој патуваше од Франција во Велс по договорот вреден 17 милиони евра. ФИФА прво му нареди на Кардиф да ја плати првата рата од договорениот трансфер од 6 милиони евра, по што клубот побара другите рати да бидат стопирани поради финансиската истрага во Нант, по која генералниот директор на клубот, Франк Кита заврши во притвор.

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) се прогласи за ненадлежен во случајот за исплатата на парите, додека ФИФА смета дека трансферот бил реализиран и дека парите мора да се платат. Кардиф испаднаа од Премиерлигата на крајот на 2018/19 и оттогаш не се вратија во елитата.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони