Утрински Весник
Спорт

ФИФА им подели 209 милиони долари на клубовите чии играчи играа на СП

ФИФА им подели 209 милиони долари на клубовите чии играчи играа на СП

ФИФА ќе им испалти 209 милиони долари на клубовите чии играчи се натпреваруваа на Светското првенство минатата година во Катар. Исплатата ќе биде извршена на 440 клубови од 51 земја чии играчи беа на турнирот во ноември и декември минатата година, кој го освои Аргентина.

dobivaj vesti na viber

ФИФА плаќа дневна сума од 10.950 долари на секој од 837. фудбалери кои беа во Катар, без разлика колку минути играле за време на турнирот. Вкупниот износ по играч се дели и се распределува на клубот или клубовите за кои играчот бил регистриран во две години пред финалето во Катар.

Тоа е зголемување од 8.530 долари што ФИФА ги плати по играч на Светското првенство во Русија 2018 година.

Најмногу пари од клубовите ќе добие Манчестер Сити, 4.596.445 долари, следуваат Барселона (4.538.955 долари) и Баерн Минхен (4.331.809 долари).

Според договорот потпишан од ФИФА и Европската клупска асоцијација претходно оваа година, 355 милиони долари ќе бидат распределени на клубовите како дел од програмите на Светското првенство во 2026 и 2030 година.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари