Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ФИФА им го одзеде СП до 20 години на Индонезија

ФИФА им го одзеде СП до 20 години на Индонезија
Img 7972

ФИФА им ја одзеде организацијата на Светското првенство до 20 години на Индонезија, откако Индонезиската фудбалска федеерација (ПССИ) ја одложи ждрепката откако островот Бали одби да биде домаќин на репрезентацијата на Израел.

dobivaj vesti na viber

„ФИФА одлучи, поради одредените случувања, да ја одземе организацијата на СП до 20 години во 2023 од Индонезија. Нов домаќин
ќе биде објавен кога тоа ќе биде можно. Можните санкции против ПССИ ќе бидат одлучени во иднина“, се вели во објавата на ФИФА, донесена по разговорот на претседателот Џани Инфантино со претседателот на ПССИ, Ерик Торир.

Протестантите во престолнината Џакарта оваа недела со индонезиски и палестински знамиња бараа да не се дозволи учество на Израел, по што националната федерација реши изралскиот тим да биде на Бали, остров со мнозинство на Хиндуси, но локалните власти ја отфрлија оваа иницијатива.

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер