Утрински Весник
Спорт

ФИФА гo одреди домаќинот и стадионите на Светското клупско првенство со 32 екипи

Cfum2ynz 400x400.jpg

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги дефинираше локациите, односно стадионите на кои ќе се играат натпреварите на првото издание на Светското клупско првенство во формат со 32 екипи.

Претставници на сите континенти ќе учествуваат на клупскиот мундијал во Соединетите Американски Држави во текот на следното лето (2025 година), а финалето ќе се игра на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси.

Покрај во Њу Џерси, клубовите ќе играат и во Атланта, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо, Филаделфија, Сиетл и Вашингтон, а турнирот е закажан во периодот меѓу 15. јуни и 13. јули.

При одредувањето на градовите домаќини, ФИФА морала да внимава и на преклопувањето со КОНКАКАФ Голд купот, кој ќе се игра речиси истовремено во САД и Канада.

Од американска страна, градовите домаќини се концентрирани на западниот брег, па затоа и за Светското клупско првенство доминираат градови од источниот брег. Сиетл создава логистички проблеми за ФИФА, но морало да биде вклучен поради фактот што има свој претставник на турнирот.

Ждрепката за осумте групи со по четири клубови ќе биде реализирана во декември, а досега се познати 30 учесници, со што останува да биде одреден по уште еден претставник на САД и Јужна Америка.

Претставници на Европа ќе бидат Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид и Салцбург.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност