Утрински Весник
Спорт

ФИА става крај на долгогодишната традиција во Формула 1

ФИА става крај на долгогодишната традиција во Формула 1

ФИА му забрани на тимскиот персонал да се качува на оградата и на тој начин да ги прославува успеасите на своите возачи. Оваа одлука ќе започен да се применува од трката за Големата награда на Австралија.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува сајтот „Motorsport.com“, во иднина тимовите ќе добиваат казни доколку некој од нивните членови се качи на оградата.

ФИА со оваа одлука стави крај на една долга традиција во Формула 1.

Директорот на трките во Формула 1, Нилс Витич, испрати допис до сите тимови пред трката во Австралија дека „качувањето на оградата е забрането во секое време“ и ги упати на Додаток Х од член 2.3.2. од Меѓународниот спортски кодекс на ФИА, кој за трката во Австралија одлучи да ги прошири боксот на стартната линија за 20 сантиметри.

Следната трка од сезоната во Формула 1 се вози викендов во Австралија.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ