
За нов селектор на македонската фудбалска репрезентација ќе биде предложен домашен стратег, а неговото име ќе биде познато најдоцна до 25 декември.
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација денеска одржа работен состанок на кој се анализираше актуелната состојба во националниот тим, потребите за наредниот квалификациски циклус и профилот на тренер што е неопходен за подигнување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска репрезентација.
Во процесот на селекција се нагласува значењето на тренер кој ги познава домашните фудбалски текови, потенцијалот на нашите играчи и кој може да внесе јасна тактичка идеја и дисциплина во тимот.
Комисијата ќе го достави својот предлог, македонски стратег, кој според анализите одговара на поставените критериуми, а конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.


