Утрински Весник
Спорт

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шкендија доби службена победа од 3:0, а стадионот „Чаир“ е суспендиран за натпреварите на Шкупи. Ова е одлуката на Комисијата за натпреварување на ФФМ по денешниот инцидент и прекинат натпревар на стадионот „Чаир“.

dobivaj vesti na viber

Целиот случај сега е предаден на дисциплинската комисија, која ќе решава за казната што ќе ја добие актуелниот шампион.

„На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од четврт-финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија службено со 3-0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи.

Теренот на ФК Шкупи, стадионот ‘Чаир’, се суспендира за одигрување првенствени и куп-натпревари. ФК Шкупи се предава на дисциплинска комисија на ФФМ.

ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот ‘Чаир’ во Скопје“, се вели во одлуката на ФФМ.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов