
Астролошките влијанија во февруари 2026 година носат промени на финансиски план, а најголема поддршка ќе почувствуваат Лавовите, Скорпиите и Рибите. Сончевото затемнување во Водолија на 17 февруари, ретроградниот Јупитер во Рак и најавеното поместување на Сатурн создаваат услови за раст, но и за сериозно преиспитување.
Лав – пари преку соработки
За Лавовите, фокусот е на партнерства и договори. Февруари може да донесе нови клиенти или деловни соработки, но успехот зависи од јасно поставени граници. Отворените разговори за пари и услови ќе бидат клучни за финансиски напредок.
Скорпија – стабилност пред сè
Кај Скорпиите, акцентот е ставен на домот и долгорочната сигурност. Одлуки поврзани со недвижности, семејни финансии или инвестиции можат да постават цврста основа за подобра заработка во наредните месеци, иако резултатите нема да бидат моментални.
Риби – заработка од старите идеи
Рибите влегуваат во период на нов почеток. Враќање на стари проекти, идеи или контакти може да донесе финансиски придобивки. Пари доаѓаат преку креативност и активности што навистина ги исполнуваат, а не преку наметнати обврски. Што со другите знаци? Кај останатите хороскопски знаци, февруари носи прилагодувања – промени во кариерата, ревизија на договори, нови модели на работа или преиспитување на трошоците. Периодот не е поволен за импулсивни одлуки, туку за внимателно планирање. Генерално, ретроградните планети потсетуваат дека стабилноста и јасната стратегија се поважни од брзата добивка, особено кога станува збор за пари.


