Утрински Весник
Спорт

Фетел: Бргу ќе ме заборават

Фетел: Бргу ќе ме заборават

Уште четири трки и Себастијан Фетел ќе се пензионира. Четирикратниот светски шампион, кој сега вози за Астон Мартин, зад себе има импресивна кариера. Тој славеше на 53 трки, 57 пати беше на пол-позицијата и има 122 подиуми.

dobivaj vesti na viber

„Време е да заминам. Не знам дали ќе ја донесев истата одлука доколку во изминатите неколку години бев поконкурентен, доколку имав можност да се борам за победи. Никогаш нема да дознаеме, но јасно е дека не е исто чувството кога ќе ја поминете целта како прв или како десетти“, изјави Германецот.

И покрај се што направи во најбрзиот караван, Фетел верува дека неговите достигнувања бргу ќе бидат заборавени.

„Можам да објаснам вака. Британија сега го има кралот Чарлс. Тој е третиот монарх под тоа име. Дали некој се сеќава на претходните две? Најверојатно не. Постијат граници. Наскоро ќе дојдеме моментот кога сите ќе ме заборават. Едноставно тоа е така. Ништо не трае вечно“, филозофски заклучи Фетел.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027