Утрински Весник
Македонија

Фетаи на свечена академија по повод Денот на албанската азбука: Во чест на Конгресот во Битола и албанското културно наследство

20251121200443 big 730x400 29.webp.webp

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи присуствуваше на свечената академија организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Владата на Република Северна Македонија, по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик.

За време на својот говор, заменик-премиерот го нагласи историското значење на Конгресот во Битола во 1908 година и неговата одлучувачка улога во унифицирањето на албанската азбука, како една од главните столбови на албанскиот национален идентитет. Тој го подвлече придонесот на преродбениците и истакнатата личност на Мид’хат Фрашери, како и значењето на печатницата „Башкими и Комбит“ во развојот на албанските изданија.

Заменик претседателот Фетаи ја пофали посветеноста на колекционерот и истражувачот Нико Котерија и на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, кои ја отворија изложбата „Конгресот и Печатницата“ како омаж на албанското културно наследство.

На крајот, тој ја потврди посветеноста на Владата за заштита, негување и промоција на албанскиот јазик, култура и идентитет, сметајќи ја оваа задача за национална и граѓанска одговорност.

Можете да прочитате

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

ЦУК со информации за состојбата со врнежите од снег

ДУИ: Северна Македонија назадува според индексот на корупција