Утрински Весник
Македонија

Фетаи: Коцевски треба веднаш да се разреши, го изгуби кредибилитетот

Fetai.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 – Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, оцени дека државниот обвинител Љупчо Коцевски го загубил легитимитетот и кредибилитетот да ја извршува функцијата и треба веднаш да биде сменет, соопштуваат од кабинетот на вицепремиерот.

Владеењето на правото и интегритетот на институциите се клучни во едно демократско општество, истакнува заменик-претседателот Фетаи.


Тој нагласува дека главните причини за разрешувањето на Коцевски се лошото управување со Јавното обвинителство, прекршувањето на обврската за зачувување на тајноста на постапките и нарушувањето на угледот на институцијата и на личниот интегритет на обвинителот.

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. По завршување на владините процедури, предлогот ќе биде испратен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена. Ако Советот од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата рокот се продолжува за уште 15 дена. Доколку и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. По добивање на мислењето од СЈОРМ, Владата го доставува предлогот за разрешување до Парламентот, кој ја носи конечната одлука со 61 глас.

Можете да прочитате

Филипче: Македонија намерно ја држат изолирана од ЕУ за да цвета криминалот и корупцијата

Мицкоски: Набавени се 120 нови полициски возила за униформираната полиција 

Средба Николоски – Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Туркије