Утрински Весник
Магазин

Фестивал на домашно пиво во Diamond Mall

Foto Diamond Mall Festival Na Domashno Pivo.jpg

Љубителите напиво ќе имаат можност да пробаат уникатни пивски вкусови произведени од локалните домашни производители на пиво. Од 28 до 30 јуни во Diamond Mall ќе се одржи Фестивал на домашни пива. На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, за време на фестивалот ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање.

На фестивалот своите пивски производи ќе ги претстават Пиво Лабс, БАК, Курај биер, Белеза и Сакампиво.мк, а покрај македонските производители, својата палета на пива ќе ја презентира и една од најстарите и најпознати пивари од Холандија, Бавариа.

Освен во атрактивните пивски брендови, посетителите ќе уживаат и во деликатеси од зреено месо и продукти на производителот на месни преработки „Гавриловски“.

Овој несекојдневен настан во организација на Diamond Mall има за цел да ги поддржи и промовира малите производители на пиво и нивниот талент и знаење за производство на овој исклучително популарен пијалак, особено во летните месеци. Посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните што стојат зад пивата произведени во мали количини, кои не се достапни за широка потрошувачка.

И овој настан е можност за стекнување нови искуства и интересни доживувања благодарение на уникатниот концепт што го нуди Diamond Mall, кој претставува спој на одличен шопинг, гастрономски истражувања и можности за дружење и забава. Како резултат на ваквата понуда Diamond Mall прерасна во едно од омилените места за посета во Скопје.

Можете да прочитате

„Пејџ Сикс“: Меланија Трамп не сака да биде прва дама

Совети против мрсна и сува коса

Љубовната трилер-приказна за жената во која се вљубил Џулијан Асанж