Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ферстапен со порака до Ред бул пред Австралија: Не сум тука да сум втор!

Ферстапен со порака до Ред бул пред Австралија: Не сум тука да сум втор!
300x250 opst2

И покрај тоа што Ред бул доминираа во првите две трки од новата Формула 1 сезона, светскиот шампион Макс Ферстапен изјави дека не е задоволен од постојноста на тимот при пристигнувањето во Австралија, каде што овој викенд во Мелбурн на програмата е третата трка од 2023.

dobivaj vesti na viber

Во Бахреин, Ферстапен го победи колегата Серхио Перез, додека во Саудиска Арабија откако беше 15. на стартот стигна до второто место и до најбрзиот круг, за да остане лидер во генерален пласман. Сепак, Мелбурн не е најдобра патека за Ред бул, со последна победа во 2011 година, а Ферстапен има само еден пласман на подиумот во 2019.

„Во Саудиска Арабија успеав да стигнам до второто место, што беше добро, и чувството во тимот е позитивно, но лично не сум среќен, бидејќи не сум тука да бидам втор. Не се работи само за брзината на болидот, туку и за постојаноста. Кога се бориш за титула и кога изгледа дека трката ќе биде меѓу два болиди, мораме да бидеме сигурни дека и двата болиди ќе бидат постојани“, објаснува Ферстапен.

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер